Неексплодирана граната со калибар 75 милиметри извлечена од под вода во Црна Река кај село Радобор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила.

Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала.

За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112.