Претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес конференцијата по гласањето на законите во Собранието им честиташе на пратениците кои преземаа одговорност и го препознале овој момент како клучен за владеење на правото и за европската интеграција.
„Денес огромното мнозинство во Парламентот постигна историски победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ, желбата за правда ја победи желбата за крадење пари. Со овој закон гарантирана е судската разрешница на сите започнати судски процеси и постапки иницирани од СЈО. Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз однова на фер и транспаренти постапки.“, порача Заев.
