Загадување и диви депонии ги мачат жителите на Злокуќани – Лукровски најави конкретни мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Загадувањето, дивите депонии и проблемите во секојдневното функционирање на населбата беа во фокусот на средбата меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и жителите на Злокуќани. На средбата, одржана вчера попладне, присуствуваа и претставници на општинската инспекциска служба, Полициската станица Карпош и советници од општинскиот совет.

Жителите отворено ги посочиле проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот, при што меѓу главните предизвици биле издвоени загадувањето на животната средина, создавањето диви депонии и несоодветното однесување на дел од населението.

Претставниците на надлежните служби ги евидентирале проблемите посочени од граѓаните, со цел да се утврдат можностите за нивно надминување и да се дефинираат соодветни мерки.

Градоначалникот Лукровски најавил дека во најскоро време ќе биде организирана нова средба со жителите на Злокуќани. На неа, како што е најавено, треба да се разговара за конкретни чекори и можни решенија за проблемите во населбата.

Од Општина Карпош посочуваат дека непосредната комуникација со граѓаните е важна за утврдување на приоритетите и подобрување на условите за живот во локалните заедници.