Тешка сообраќајна несреќа што се случила во саботата вечер на крстосницата меѓу булеварот Никола Карев и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје одзеде живот на 19-годишно момче.
Според соопштението на Министерство за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 22:21 часот, а во неа учествувале патничко возило „Ауди А4“ и два мотоцикли.
Како последица на судирот, тешки телесни повреди добил возачот на мотоциклот „БМВ“, М.Ф. (19) од Скопје. Младиот скопјанец итно бил пренесен на укажување медицинска помош во болница, но им подлегнал на повредите здобиени во несреќата.
