Загриженост за кршењето на универзитетската автономија – Јаневска: Законот не влијае врз автономијата, но бара повеќе транспарентност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алијансата за Албанците на Арбен Таравари изрази сериозна загриженост во врска со предложените измени на Законот за високо образование и Законот за квалитет во високото образование. Според нив, овие измени претставуваат директно мешање во автономијата на универзитетот, што е уставна категорија и неразделен дел од правниот и демократскиот поредок на државата. АА вели дека воспоставувањето нови управувачки структури со политичко влијание врз постојните академски тела го нарушува принципот на универзитетска самоуправа и го префрла донесувањето одлуки од академската заедница на извршната власт.

– АА оценува дека создавањето централизирани механизми за одредување на универзитетското финансирање, вклучително и одредувањето на вкупниот износ на средства за универзитетите, претставува кршење на принципите на управувањето со јавните финансии и ги заобиколува процедурите утврдени со Законот за буџетот. Финансирањето, во оваа форма, ризикува да стане инструмент на политичка контрола, а не алатка за академски развој и научни истражувања. Исто така, предложените измени во процедурите за регрутирање и академско напредување не гарантираат зголемување на квалитетот, туку создаваат исклучувачки и селективни критериуми кои особено им штетат на младите академски кадри, велат од Алијанса за Албанците (Таравари).

Покрај политиката, универзитетските професори ги критикуваа и промените предвидени во Законот за високо образование, истакнувајќи дека тие можат да ја нарушат автономијата на универзитетот. Критикувани се префрлањето на одобрувањето на статутите од Министерството на Владата, промените во составот на Универзитетскиот совет што го неутрализираат академското мнозинство и наметнувањето строги услови за објавување на два научни труда без јасна инфраструктура. Прашана за ова, министерката за образование Весна Јаневска увери дека со овој закон автономијата на универзитетите не е на никаков начин засегната!

-Но, универзитетите треба да бидат свесни дека голем дел од нив се чини дека се транспарентни кон Владата, за средствата што ги добиваат од Владата. Тука ние воопшто не се мешаме во автономијата, но отсега ќе бараме транспарентност. Ова беше предвидено и во претходниот закон од 2018 година, од професорката Рената Дескоска, но никогаш не е спроведено, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Јаневска, исто така, рече дека во моментов нема услови за позитивен одговор на барањата за бесплатно високо образование, нагласувајќи дека ова е сериозно финансиско и системско прашање, кое не може да се реши без стабилна основа. Таа нагласи дека Владата во моментов е фокусирана на стабилизирање и подобрување на образовниот систем, подобрување на условите во образовните институции и обезбедување одржливи решенија, а не на популистички мерки што би можеле да го оптоварат буџетот.