Приведен маж од Скопско поради убиство на жена – во врска со случајот приведени се уште три лица!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 01:20 часот по полноќ, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г.(51) од с.Таор, Скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48), соопшти МВР.

„На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69)“, се вели во соопштението.

Во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.