Загрижувачки податоци за несреќи при работа – за 10 години 400 работници загинале на работно место

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Здружението за безбедност при работа објави загрижувачки податоци за безбедноста и благосостојбата на работниците. Текстилците, градежните работници и земјоделците работат во нездрави и нечовечки услови, велат од здружението, додавајќи дека условите за работа се нарушуваат постојано, а тоа се плаќа со живот.

Во 2021 година во земјава се регистрирани 165 несреќи на работни место, но според податоците на Институтот за јавно здравје годишно има околу 1.500 повредени. Петковски додава дека некој треба да се засрами и да понесе одговорност.

Со исти проблеми се соочува и Црна Гора.

„Проблемите се исти на цел Балкан. Ние во Црна Гора се соочуваме со голем број повреди. За жал имаме недостиг на евиденција, немаме систем за евиденција на повредените. Меѓутоа најголем проблем имаме со немањето податоци околу професионалните болести“, истакна Џина Јанковиќ.

Во земјава минатата година се случиле 30 несреќи со тешки повреди или фатални последици. Стапката на смртност на работно место во 2021 година била 3.77%, што значи дека на 100 илјади вработени, на работно место умираат по 4 работници.