Алијанса за Албанците тврди дека опфатеноста на лица кои се вметнати без етничка припадност и необјавувањето на живеалиштето на лицата од дијаспората одиграле негативна улога во реалниот процент на етничките заедници во земјава и дека со тоа се загрозуваат колективните права кои ги уживале до сега.
„Конкретно, процентот на Албанците во Кичево паднал под 50% и со тоа се загрозува употребата на националното знаме“, вели Наим Бајрами.
На прашањето колкава е можноста тоа да се случи, градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари одговори со не, но не одговори ништо повеќе од тоа.
„Никако! Многу грешите за жал! Кичево има над 55% Албанци“, посочи Фатмир Дехари.
Според податоците на ДЗС, излегува дека Кичево има 41,27% албанско резидентно население, но тука не е опфатена дијаспората. Ова се очекува да се направи следниве денови, кога ќе се покаже од кои општини се печалбарите, појаснува за ТВ21 зам.директорот на ДЗС Иљми Селами.
„Кичевци се во дијаспората. Од нив 15,237 се Албанци, а остатокот се други. Не само за Кичево туку и за другите градови, бројот на нерезедентно население е предвидено да се преработи и објави во вториот сет од податоците на пописот“, вели Иљми Селами.
Селами повторно објасни дека Законот предвидува на многу прецизен начин кои се категориите на пописот. “Прва категорија е резидентното население, втора, нерезидентното и трета категорија е вкупното население, значи тотален бројна првите две категории“ рече тој. Од ова се подразбира дека општина Кичево нема да го изгуби правото на употреба на националните симболи на Албанците кои се над 50% во оваа општина.
