Во склоп на преземање превентивни мерки од страна на Општина Гостивар во борбата против вирусот „Ковид-19“, денес се извршила целосна дезинфекција на сите простории на општинската зграда.
„Потсетуваме дека во последните две ноќи се исчистија и измија главните градски улици, а акцијата ќе продолжи и во наредните денови. Општина Гостивар уште еднаш апелира до граѓаните да не ги напуштат своите домови без потреба и да ги следат препораките на Светската здравствена организација и установите на јавното здравје во нашата земја. Иако нема простор за паника, мора да бидеме максимимално внимателни и сите заедно да придонеме за јавното здравје“, велат од општина Гостивар.
