Зајас се уште без канализација! – Дали ветувањето ќе се одржи до крај на годината?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем дел од селото Зајас се уште нема канализација. Отпадните води  се испуштаат во каналите околу улиците. Кога ќе поминете од тука се чувствува лошата миризба. Жителите секој пат се жалат на оваа проблематика, но не сакаат да зборуваат пред камера.

„Иако сме во 21 век, жителите на село Зајас се соочуваат со недостиг на канализација, која во село Зајас е ветувана речиси на секој изборен циклус, но се уште не е реализирана, жителите зад Камерата на ТВ21 велат дека тоа е неопходен проект што мора да се направи бидејќи навистина претставува проблем“, вели репортерката на ТВ21.

За ова во 2020 година во емисијата „Клик плус“ го прашавме претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој исто така живее во ова село, но тогаш Ахмети прашањето го нарече провокативно.

ТВ21: Можете ли да ни кажете каква е состојбата во селото и во вашата населба во Зајас? Ако  споредиме со она што го видовме денеска во Чаир, со новата сала со инвестиции што ги имаме во Чаир, зошто тоа го нема тоа и во Зајас?

Али Ахмети: Нели Фатмир ова е малку провокативно?

ТВ21: Богами, дали е провокативно не знам,  јас не ве прашувам за состојбата на улицата, жителите не сакаат да зборуваат.

Али Ахмети: Токму за Зајас, јас сум претставник на Албанците, не сум претставник на Зајас.

Две години подоцна, гледајќи дека нема реализација овој проект, повторно го прашавме првиот човек на ДУИ за ова.

„Во Зајас верувам дека конечно ќе започне изградбата на канализацијата бидејќи не зависи од нас или од општините, заради бирократски прашања се чека веќе две години. 23 ноември и речиси  истите одговори ги дадовте во 2020 година, година и пол. Ама зошто не одите да ги прашате тие што одолговлекуваат, зошто ме прашувате мене, ова се прави со средства од ЕУ и тие прават  технички проблем, сето ова беше и за Зајас“, порача Али Ахмети.

Фатмир Дехари во својот трет мандат како градоначалник на општина Кичево го вклучи проектот за канализација во Зајас во капиталните проекти кои треба да бидат завршени до крајот на 2022 година.

„Во оваа прилика ви пренесувам радосна вест дека од денеска до 2022 година,  со новиот буџет, ќе почнат да се реализираат околу 20 милиони евра капитални инвестиции, почнувајќи од најголемиот,  канализација за отпадни води  која ја опфаќа територијата на Зајас“, порача Фатмир Дехари.

Проектот е финансиран со ИПА фондови од Европската Унија. Минатата година проектот беше одбиен од канцелариите на ЕУ во Македонија, но истиот беше повторен, но сè уште нема конкретен чекор и повторно се доцни. Освен канализацијата во селото Зајас, патиштата исто така не се во добра состојба, уништени се  и со дупки, а на секој агол од улиците може да се забележат купишта смет.