На 03.03.2020 во 13.00 часот во СВР Тетово, Г.Д.(43) од с.Неготино пријавил дека М.М.(49) од истото село, со кого имале нерасчистени имотно-правни односи, нему и на неговиот брат Р.Д.(29) им се заканил со огнено оружје, по што заминал. Набргу потоа, М.М. и Р.Д. биле лишени од слобода за расчистување и документирање на случајот, а при претрес во домот на М.М., извршен со судска наредба, бил пронајден оптички нишан. Се работи на расчистување на случајот.
