Закон за амнестија или алтернативни казни? – „Примената на пробацијата долгорочно решение“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Примената на алтернативни казни значително би ја подобрила состојбата во затворите во земјава, вели директорот на Управата за спроведување санкции, Јовица Стојановиќ. На прашањето колку законот за амнестија би помогнал да се намали бројот на затвореници, Стојановиќ оценува дека бројот на затвореници кои ќе бидат амнестирани е многу мал во споредба со бројот на оние кои се на листа на чекање за влез во затвор. Според него, пробацијата е долгорочно решение на овој проблем.

И заменик министерката за правда, Викторја Аврамовска Мандиќ, смета дека пробацијата ќе помогне во подобрување на затворските системи.

Според Законот за пробациска служба, лицата на кои им се изрекува ваква казна е алтернатива и опфаќа куќен притвор, вршење работи од јавен интерес, условно ослободување, вршење заштитен надзор изречена со условно ослободување. Во моментов во нашата држава работат 28 стручни пробациски служби кои работат по 366 предмети.