ТВ21 од владини извори дознава дека имало дебата меѓу коалиционите партнери СДСМ и ДУИ за законот за јавно обвинителство, пред да биде усвоен од страна на владата и пред да биде испратена првичната верзија до Собранието. Интегративците имале неколку барања. Од страна на владејачката партија биле прифатени, но она што било договорено не било испратено до Собранието. ДУИ во текот на денот порача дека нема да гласа доколку не се корегираат грешки.
