Законот за државјанство сѐ уште блокиран – АА-ААА: Ќе го испратиме со европско знаменце, Левица се противи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Законот за државјанство никако да стигне до усвојување. По прекинот на дебатата за амандманите,матичната комисија не е свикана. Истата е одложена поради долгиот говор на пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, кој тврди дека не му паѓа на памет да запре. Ако и следната недела не продолжи дебатата за амандманите во Комисијата за одбрана ио безбедност, тогаш законот ќе се обидат да помине со европско знаменце.

„Овој закон се однесува и на реализација на основните човекови права, и со меѓународната конвенција бидејќи врз основа на оваа конвенција не треба да има човек без државјанство, ако не, нормално ќе бараме да оди постапката преку европската комисија, каде не може да се блокира бидејќи дебатата може да трае само два дена, потоа оди на пленарна седница.“, рече Халил Снопче.

Според лидерот на Левица, Димитар Апасиев, законот не може да помине со европско знаменце. Доколку има таква иницијатива, требна да се отфрли, бидејќи претставува кривично дело.

„Законот не може да оди со европско знаменце, оти не постои ЕУ регулатива со која би се усогласил и оти е спротивен на Европската конвенција за дежавјанства. Ако пробаат така, спикерот Џфери ќе мора да им го отфрли. Во спротивно прави кривично дело и ќе одговара.“, рече Апасиев.

ВМРО-ДПМНЕ со свои критики за предлог законот, а претходно побара и јавна дебата што не се прифати. Мнозинството, вклучувајќи ги тука СДСМ, ДУИ и Беса, се изјаснија ЗА предложените измени, а на претходните седници бараа конструктивност од опозиционерите со цел да не се одолговлекува работата на комисијата со барања и постојани процедурални.