Законот за ЈО утре на Влада – Мицкоски: Ако стигнат до потребните 80 гласа, тоа е тоа…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Има време да се донесе законот, убеден е лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој изрази оптимизам за негово изгласување. Најверојатно предлог законот за јавното обвинителство уште викендов ќе помине на владина седница, за како што рече Заев потоа законот со европско знаменце има три дена да ги помине сите процедури. Изјавата на Заев и прес конференцијата на Мицкоски се случи во истовреме.

-Јас верувам дека до крајот на викендов Владата да го пушти законот со прифатените сугестии и забелешки на сите пратенички групи. Па синоќа работев до 2 сабајле, разговарав со сите пратенички групи, поприлично сме блиску-рече Заев.

Новинар: Христијан Мицкоски сепак остава текстот да го сработат експертите ..
Заев: А кажува ли од кога да почнат експертите? Од 13-ти после распуштање или од 15-ти?

Мицкоски обвинува дека Заев врши притисоци врз пратениците за да гласаат за законот. Законот е во скратена постапка и доколку постигнат двотретинско мнозинство ние ништо не можеме да сториме, рече тој.

-Не гледам што е чудно и што е надвор од принципите, да експертите во оваа држава кои што беа дел од собраниската јавна расправа без разлика дали овој или следниот парламентарен состав еве безусловно велам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тој закон ќе го поддржи.
Не може ВМРО-ДПМНЕ ништо да направи, ниту пак било кој, бидејќи е по скратена постапка. Ако ги користиме демократските и деловничките можности, тоа е тоа…. Ако имаат 80 ќе си го поминат и тоа е тоа-вели Мицкоски.

Вчера пак претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека законот ќе го стави на седница доколку за него има постигнато согласност. Немам намера да правам театар и да отворам седница без усогласен закон, додаде Џафери