Законот за попис кај Пендаровски, ќе се консултира со правни експерти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаросвки најпрвин ќе се консултира со правни експерти па потоа ќе го потпише законот за попис велат за ТВ21 од кабинетот на претседателот. Додаваат дека ставот на претседателот ќе биде соопштен деновиве.

„Претседателот Пендаровски ќе изврши консултации со правни експерти за донесениот Закон за пописот и во наредните неколку денови ќе го соопшти својот став“, велат од кабинетот на Пендаровски.

А пак од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат претседателот на државата да не го потпишува Законот. Од таму велат дека СДСМ сака политички попис во кој однапред се договорени бројките.
Тимчо Муцунски ВМРО-ДПМНЕ

„Ние даваме конкретни предлози како може Македонија да направи електронски попис бидејќи имаме капацитет за тоа. Но очигледно немаше слух. Овој попис е крајно е политизиран“, изјави Муцунски.

Според лидерот на Левица, Димитар Апасиев , Законот за попис во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на Уставот на Македонија.

„Значи, јас – по сила на Устав – сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирусот“., е ставот на Апасиев.

Коалициионите партии ДУИ и СДСМ тврдат дека пописот не е политички и е процес кој мора да се спроведе.

„Се бара од релевантните меѓународни институции, од ООН, од ЕУ. Ова треба да има попрецизна статистика за економијата на земјата, за имотот на земјата, за резидентните жители жители во земјата“, рече Ахмети.

И покрај тоа што дел од опозициските партии почнаа да ги повикуваат граѓаните да не ги пуштаат попишувачите во своите домови, затоа што ќе се изложат на ризик од ковид-19, заменик министерот за здравство уверува дека сите протоколи за заштита ќе бидат спроведени.

„Работиме на разработка на протоколите, имаме време уште неколку недели пред да започне овој процес. Во принцип ќе се водиме на веќе донесените протоколи кои ги имаме каде се спроведуваат за сите активности“, вели Илир Асани.

Државниот завод за статистика следната недела ќе ја заврши подготовката на Методологијата за спроведување на пописот, како детален подзаконски акт што ја дефинира постапката. Според заменик-директорот на Заводот за статистика Илми Селами, иако законот предвидува воведување на Методологијата за работа во рок од еден месец од усвојувањето на законот, ова ќе се случи порано, или во рок од 10 до 15 дена.
Ислми Селами заменик директор на ДЗС

„Се надевам дека во најкус можен рок ќе го завршиме ова како процес. Очекувам луѓето што ќе бидат ангажирани да ја направат својата обука што е можно поскоро, забрзана обука но сепак квалитетна. Тие луѓе ќе треба да бидат познавачи на лаптоп и ИТ технологија. Се надевам дека целата оваа обврска за еден и пол месец ќе резултира со квалитетен попис“, вели Селами.

За регистрација ќе бидат ангажирани околу 6 илјади лица, од кои 5 илјади попишувачи на терен и 1 илјади регионални инструктори и регионални комесари. Конкурсот за нивен ангажман се очекува да биде објавен во наредните денови и веднаш по изборот ќе следи периодот на обука.

Инаку според законот предвидена е глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност дотолку лице одбие или даде погрешни податоци за себе. А пак тој кој ќе прикрие или оштети податоци од пописот ќе му биде изречена затворска казна и од пет години.