Законските измени во образованието „блокирани“ – Џафери: Нека се договорат партиите за собраниските комисии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За да бидат во рамки на законот сите измени во образовниот процес, Владата веќе му предложила на Собранието да реализира измени на законот за основно и средно образование. Но Собранието се уште ги нема формирано комисиите кои треба да дискутираат по тоа прашање. Образовните власти се оптимисти дека Собранието набрзо ќе ги формира комисиите и законските измени ќе бидат усвоени на време.

Од Собрание не кажуваат кога ќе го стават закона во постапка, бидејќи најпрво очекуваат  парламентарните партии да се договорат за собраниските комисии.

Процедурата предвидува секоја измена и дополна на законот да се предложи од Владата до Собранието. Законот се става во собраниска процедура и се дискутира во матичните комисии. Во овој случај законските измени во образование ќе се дискутираат во Комисијата за образование и наука.

„Претседателот Џафери ќе ја свика седницата за формирање на работните тела на Собранието во моментот кога политичките партии ќе достават предлог, до овој момент таков предлог не е доставен од ниедна партија. Штом истиот биде доставен, претседателот може да свика седница“, истакна Талат Џафери.

Потребата од законски измени во образование следи откако учебната година е пролонгирана за на 1 октомври а законот предвидува таа да започне на 1 септември наставниот час да трае 40 минути а во средните училишта 45, а сега ќе трае 0 минути помалку. Исто така, законот предвидува наставниот процес да се реализра во училиште, но во некои училипта ќе се одвива и онлајн. Измени има и во план -програмите бидејќи истите се сменети.