Собранието го констатираше престанокот на мандатот на заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, кој еден ден претходно ја соопшти својата оставка од лични причини. ж
Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, соопшти дека Андовски немал доставено известување за да ја образложи оставката до почетокот на седницата, поради што престанокот на мандатот бил констатиран во согласност со Деловникот на Собранието.
Андовски беше предложен за оваа функција во јули 2024 година.
