Хрватска: Почина петтата жртва од пожарот во областа на Омиш

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово во Одделението за интензивно лекување при Клиничкиот болнички центар во Сплит починал 70-годишен маж, кој е петтата жртва на катастрофалниот пожар што ја зафати областа на Омиш. Тој бил тешко повреден, а животот му бил во опасност.

Пожарот во областа на Омиш избувнал на 13 август и траел неколку дена, при што зафатил голема површина. Во огнената стихија тешко биле повредени осум лица, од кои петмина починале.

Според пишувањето на сплитскиот весник „Слободна Далмација“, од преостанатите три повредени лица, едно е хоспитализирано во Клиничкиот болнички центар во Сплит, а две се лекуваат во болници во Загреб.