Од денеска се намалени и замрзнати цените на тестенините и млечните производи, за 15% и 10%, според одлуката на владата што ја донесе пред неколку дена и ќе трае до крајот на мај.
За да видат дали се спроведува одлуката, на терен излегоа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот за ДПИ, Горан Трајковски.
Директорот на ДПИ, Горан Трајковски рече дека доколку трговците не ја почитуваат одлуката, казните ќе изнесуваат од 800 до 10 илјади евра.
Министерот за економија, Крешник Бектеши зборуваше за новите мерки кои се подготвуваат.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и денеска обвини дека Владата е неспособна и некредибилна, а истакна дека инфлацијата во земјава е двојно повисока отколку во Европа.
Инаку министерот за економија Крешник Бектеши рече дека потрошувачката кошница во земјава се пресметува погрешно, бидејќи, како што вели, синдикалната кошничка во земјава не е 50 илјади денари туку не надминува 43 илјади денари.
