Папата Франциско денеска во својата велигденска порака повика на прекин на огнот во Газа и пристап до хуманитарна помош во областа, а на Западен Балкан му порача дека етничките, културните и верските разлики не смеат да бидат причина за поделба, туку извор на богатство, јавува Радио Слободна Европа.
„Посебно го имам предвид Западен Балкан, каде што се преземаат значајни чекори кон интеграција во европскиот проект. Етничките, културните и верските разлики не смеат да бидат причина за поделба, туку треба да станат извор на богатство за цела Европа и за целиот свет“, рече Папата, пренесува хрватската агенција Хина.
Тој нагласи дека војната е „секогаш апсурдна и секогаш пораз“ и дека „не се гради со оружје, туку со подадени раце и отворени срца“.
Тој особено се осврна на децата во воените зони кои „веќе не знаат да се смеат“ и кои се прашуваат „зошто толку многу смрт и уништување“.
Тој рече дека не смееме да заборавиме на Сирија и Либан, дека треба да се охрабрат разговорите меѓу Ерменија и Азербејџан и дека политичарите треба да се справат со шверцерите на луѓе.
Десетици илјади луѓе се собраа на мисата на плоштадот Свети Петар покриен со цвеќиња во една од најважните литургии во годината.
Само неколку часа по славењето на 2,5-часовното Велигденско бдение, 87-годишниот папа Фрањо се појави во добра форма на почетокот на литургијата.
