Пожарникарите од ТППЕ Струмица информираат дека утринава во 08:47 часот интервенирале со 2 ПП возила и 5 пожарникари-спасители во атарот на с.Просениково на гаснење на објект кој бил во разгорена фаза.
Објектот бил зафатен од претходно предизвикан пожар на сува трева во негова близина.
Причинета е голема материјална штета.
„Поради зголемените температури во следните неколку денови и настапување на сушен период (портокалова алертна фаза) зголемена е опасноста од појава на пожари на отворен простор. ТППЕ Струмица апелира до локалното население да се воздржи од палење плевел и други растителни отпадоци како и земјоделски отпад. Граѓаните одговорно да се однесуваат со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети“, додаваат од таму.
