Врховниот суд во Белград вчера вечерта им одреди притвор на тројцата уапсени при заплена на пет тони марихуана во селото Коњух кај Крушевац, јавува ТВ21. Според судот, притворот на Н.С., Р.С. и И.Д. е одобрен поради ризик од бегство, за да се спречи влијание врз сведоци, за да се спречи повторување на кривичното дело и поради нарушување на јавниот ред и мир.
Обвинителството за организиран криминал синоќа соопшти дека е издадена наредба за покренување истражна постапка против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Раде Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски.
Обвинителството вели дека според планот на организаторот, осомничениот Иван Драгниќ ја транспортирал дрогата преку границата до магацинот на семејството Спасојевиќ, од каде Урош Младеновски ја добил за понатамошна продажба.
Се додава дека е особено индикативно што осомничениот Иван Драгниќ е косопственик на компанијата „Алфафарм“, регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис.
