Запленети 720 метри мрежи и 585 парчиња белвица: Кривични пријави за двајца жители на Пештани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 09.01.2026 во 19:30 часот од страна на полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во рамки на Регионален центар за гранични работи Запад, лишени се од слобода Д.К. и Н.С., двајцата од селото Пештани, охридско.

При преземање на зајакнати мерки и контроли во водите на Охридското Езеро за време на мрест и забрана за лов на риба од видот пастрмка, белвица и јагула, од страна на полициските службеници во координација со рибочуварска служба, на 100 метри од брегот во селото Пештани затекнат е чамец во кој биле Д.К. и Н.С..

При извршениот преглед во пловниот објект пронајдени се шест рибарски мрежи со должина од околу 720 метри со улов од 585 парчиња риба белвица со вкупна тежина од 106,8кг..

Известен е јавен обвинител и по негови насоки лицата се лишени од слобода и донесени во полициската станица за граничен надзор  Охридско Езеро за понатамошна постапка.

Предметите и пловниот објект се одземени, а уловот по проценка од стручни лица од Хидробиолошки завод Охрид утврдено е дека е во фаза на расипување и по насоки од инспектор од Агенција за храна и ветеринарство е предаден на Здружение на ловци Охрид, каде со полициско присуство, на соодветно место е уништен.