Во голема полициска акција во неколку европски држави, пронајдени лажни 14 милиони евра.
Во Хрватска биле откриени 10 пратки со фалсификувани банкноти од 1.803 евра. Ова е само дел од фалсификатот пронајден во Европа, акција координирана од Европол и спроведена во Шпанија, Португалија и Австрија.
Целта била да се прекине дистрибуцијата на фалсификувани банкноти и монети кои беа испратени преку поштенските услуги низ Европа.
Запленети се 174 пакувања со фалсификувани пари, со што се покренати 144 нови полициски истраги на одговорни криминални мрежи. Пресретнати се вкупно 148.130 фалсификати, меѓу кои банкноти и монети од 134.949 евра, банкноти од 9.186 британски фунти и банкноти од 3.595 американски долари.
Тоа биле главно банкноти со сменет дизајн, кои ги нарекуваат „филмски пари“. Ваквите репродукции се слични по формата и бојата на вистинските банкноти, но на нив има мала трага што укажува дека не се вистински пари. Сепак, таквите ознаки често не се забележуваат, што им овозможува на криминалците да ги префрлат таквите пари како вистински.
Фалсификувани пари се пресретнати на клучните точки на влез и започнаа опсежни истраги во потрага по организирани криминални групи кои дејствуваат зад сцената. Во операцијата учествуваа Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Турција, Обединетото Кралство и САД.
Пратките со фалсификувани пари доаѓаале од Турција, Кина и САД.
