Започна терапијата за ретката болест „Фабри“ – опфатени двајца пациенти на возраст од 45 и 46 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За прв пат во земјава започна терапијата за ретката болест Фабри. Никола Ѓеоргиевски, директор на клиниката за Нефрологија рече дека со терапијата се опфатени двајца пациенти на возраст од 45 и 46 години а соопшти дека се дијагностицирани вкупно 7 пациенти. Тој појасни дека оваа генетска болест и дека треба да се примени што порано кај пациентите со цел третманот да биде полесен и помалку да чини.

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, вели дека финансирањето на третманот за реткои болести се прави преку Министерството за здравство во соработка со ФЗО.

Претседателот на Комисијата за ретки болести, Златко Стојановски, се надева дека успешно ќе се соочат со сите предизвици поврзани со ретките болести.

Инаку, со болеста „Фабри“ се диагностицирани лица и од Бугарија, Србија, Грција, Хрватска и Словенија. Се уште нема дијагностицирани пациенти во Косово, Албанија и БиХ.