Започнува реконструкцијата на „Даме Груев“ – улици со дупки во центарот на Скопје!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Конечно почна да се реконструира улицата „Даме Груев“!

„По долгогодишно чекање, една од најважните скопски улици, улицата „Даме Груев“ почна да се реконструира“, истакна Фазиле Халили.

Финансиските средства за реконструкција на оваа улица ги обезбедува Град Скопје, вели директорот на Претпријатието „Улици и Патишта“ Саит Саити.

„Почнувајќи од првата фаза со санација на рабниците и тротоарите, но по завршување на санацијата на рабниците и тротоарите, ќе започнеме и со реконструкција на коловозот. Првата фаза ја почнавме од улица „Македонија“ до Собрание, втората фаза од улица „Палома Бјанка“ до улица „Македонија“, додаде Саит Саити.

Иако е една од најфреквентните улици во главниот град, која се поврзува со многу институции, со години е уништена и полна со дупки. Ништо подобра не е уличката што од улицата „Даме Груев“ води до Управниот суд, кој овде беше преместен пред неколку месеци. Одговорна за овој пат е општина Центар од каде не добивме одговор дали планираат да ја реконструираат.