Започнува судскиот процес во кој Катица Јанева го тужи Боки 13 за нелегално снимање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Кривичниот суд за денеска е закажано првото рочиште од новиот предмет во кој Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски за нелегално снимање.

Ова произлезе откако за време на презентирањето на материјалните докази во предметот „Рекет“, во судница беше прикажана фотографија на која се гледа екс-јавната обвинителка Катица Јанева во нејзниот дом, а пред неа сноп со пари, за кои обвинителството тогаш тврдеше дека се во апоени од по 500 евра.

Оваа и други фотографии и видеоснимки кои беа презентирани во „Рекет“, се од вештачењето на мобилниот на првообвинетиот Бојан Јовановски- Боки 13. Јанева не гледа во камерата, фотографиите се како таа да не знае дека е сликана.

Во предметот „Рекет“, првостепено Катица Јанева е осудена на 7 годишна затворска казна, а Бојан Јовановски на 9 години казна затвор.