Запрен падот на европските берзи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На европските берзи утринава благо пораснаа цените на акциите, по дводневен пад, а тргувањето се одвива внимателно бидејќи нема вести кои битно би можеле да влијаат на насоката на пазарот. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,1 отсто, по два дена пад.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,08 отсто, на 8.025 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,56 отсто, на 19.120 поени, а париски CAC за 0,28 отсто, на 7.236 поени.

И на азиските берзи цените на акциите паднаа. Азискиот индекс MSCI во 9 часот и 30 минути беше во минус од 0,5 отсто, слабеејќи четврти ден по ред.

Во исто време, индексот Никеи се лизна за 0,5 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Шангај и Хонг Конг паднаа меѓу 1,7 и 1,9 отсто. Во Јужна Кореја и Австралија, пак, тие се зголемија меѓу 0,1 и 0,4 отсто.

Кинеските берзи се уште се под притисок поради стравувањата од протекционистичката политика на новостариот американски претседател Доналд Трамп.

Во текот на кампањата Трамп најави зголемување на царините за увоз на кинески производи, а инвеститорите веруваат дека Кина ќе одговори со слични мерки.