Заробен возач во камион меѓу паднати дрвја на патот Росоман – Прилеп

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ЦУК преку бројот 112 добил пријава за камион кој е заглавен меѓу дрвја кои паднале во близина на ресторанот „Јавор“ на патниот правец Росоман – Прилеп.

Пријавувачот бара интервенција, затоа што како очевидец јавува дека возач на камион бил заробен во возилото. Екипа веднаш се упатила на местото на настанот од ТППЕ Кавадарци, а од регионалниот ЦУК Велес извести дека екипа од ТППЕ со 1 противпожарно возило и 2 пожарникари веќе се упатиле кон местото на настанот.