„Засега остануваат овие мерки. Нема да има нови рестрикции“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Тој напомена дека за ова било разговарано и утринава на Комисијата за заразни болести, очекувајќи сегашните мерки да дадат добри резултати во спречување на ширењето на Ковид-19.
Додека повеќето земји во Европа веќе воведоа или планираат воведување на карантин, такво нешто во Македонија ќе нема.
Ставот на Филипче го повтори и премиерот Зоран Заев кој напомена дека засега нема потреба од такви рестрикции, барем нема таков предлог од Комисијата.
„Јас лично сум против полициски час и карантин и слично, но ако има потреба и се јават причини за тоа ќе се донесе таква одлука. Но, во моментов, како што реков, јас лично не гледам причини за тоа. Сепак, јас сум само нестручен човек за таа работа, јас само ја водам Владата, која е подготвена секогаш да биде свикана и да ги донесе најнеопходните мерки, истакна премиерот.
