Засекогаш напуштен: Некогаш полн и жив остров, а сега само рушевина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Островот Хашима, познат како „Воен брод“, е еден од 505 ненаселени острови, на околу 15 километри од Нагасаки.

Компанијата Митсубиши започнала со експлоатација на јаглен од дното на морето на него, а островот бил населен од 1887 до 1974 година.

На островот живееле околу пет илјади работници затоа што таму ископувале јаглен. Откако нафтата го заменила јагленот, населението започнало да се намалува.

Рудниците биле затворени во 1974 година и оттогаш островот е напуштен.

Од поранешниот жив град, со училишта, болници, паркови, базен, остануваат само урнатини.

Забраната за пристап до островот траеше 35 години, а од 2009 година до островот може да се стигне со брод.

Денес, Хашима е една голема рушевина од бетонски блокови, опкружена со sидови кои требало да го штитат островот од ветровите.

Инаку, филмот „Skyfall“ од серијата Џејмс Бонд е снимен токму на овој остров.