Заштитното лице на видеолотарија, македонската фудбалска икона Горан Пандев ја заокружи својата фудбалска кариера

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројките кои ги дефинираат големите спортисти се безвременски и обично означуваат голови, победи, титули. Нашиот бренд амбасадор Горан Пандев има доволно такви во својот трезор на успеси и повеќе од доволно часови, денови и години има посветено за да стане синоним за фудбалот.

На 39 години, тој одлучи да ја заврши кариерата како професионален фудбалер. Пандев беше на првата позиција  на листата најдобри стрелци во Купот на Италија во сезоните 2008/2009 со шест голови и четири погодоци во 2016/2017. Беше прогласен заиграч на годината во Македонија во 2004, 2006, 2007, 2008 и 2010.

Професионалната кариера ја почна во Беласица, по што уследи Интер, па позајмиците во Специја и Анкона, пет години во Лацио, три во Интер и Наполи, сезона во Галатасарај, седум години во Џенова и изминатата сезона во Парма која е неговиот последен клуб. 

Претходно, поранешниот капитенот на Македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев со натпреварот против репрезентацијата на Холандија во рамките на ЕВРО 2020, ја заврши репрезентативната кариера. Од репрезентацијата  си замина со рекордни 122 настапи и 38 постигнати голови. Во репрезентативниот дрес, Пандев  дебитираше во 2001 година.

Среќни сме и привилегирани што веќе две години, Пандев стана симбол и за

брендот на Видеолотарија. Веруваме дека неговиот лик ќе биде инспирација, многу деца да станат успешни фудбалери во иднина.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно