Додека гостите се подготвувале за венчавката во Бејрут, црквата почнала да се тресе. Отпрвин, тие мислеле дека станува збор за земјотрес, но кога следуваше уште еден удар настанала паника.
Гостите започнале да бегаат кон излезот, а повозрасните ги заштитиле децата.
Надвор на небото можело да се забележи црвен чад од експлозијата која ја сруши либанската престолнина. Стаклата пукнале, а внатрешноста на црквата е оштетена.
Имено, во катастрофалната експлозија на пристаништето во Бејрут загинаа најмалку 157 лица.
