Поради снежната бура Филомена во Шпанија аеродромот Барахас во Мадрид ќе остане затворен барем до сабота до 23:00 часот по полноќ.
Инаку, снегот парализира повеќе од 650 патишта, а некои возачи се завеани во автомобилите.
Училиштата и универзитетите во Мадрид ќе бидат затворени до среда, а аеродромот не е отворен од синоќа. Најмалку 50 летови се откажани.
Министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови без потреба.
„Се соочуваме со најсилното невреме во последните 50 години“, рече тој.
