Затворен патот Делчево-Пехчево, сообраќајот преку алтернативни патишта

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поради пожарите што го зафатија регионот на Пехчево и Делчево со кои се опфатени пехчевските села Мачево, Робово и Умлена од полицијата попладнево информираа дека регионалниот пат Делчево – Пехчево е забранет за сообраќај.

Како што соопштија, сообраќајот се одвива преку алтернативните патни правци Пехчево – Смојмирово – Бигла – Делчево и обратно.

Забраната ќе важи се додека се стабилизира состојбата со пожарите.