Согласно решението коешто го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство, сточниот пазар во Битола прекинува со работа на неодредено време поради болеста „Син јазик“.
Од Јавното претпријатие „Пазари“ им соопштуваат на сите физички и правни лица кои се корисници на услугите на ЈП “Пазари” Битола дека привремено се затвора добиточниот пазар во Битола.
Од таму упатуваат и апел до нивните соработници и корисници на услугите, за почитување на превентивните мерки кои ги донесе Агенцијата за храна и ветеринарсво, за да се спречи ширењето на болеста „Син јазик“ во државата.
