Затворена американска база поради опасна закана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Базата на американската армија во Џорџија, Форт Ајзенхауер, денеска беше затворена на еден час поради, како што рече, „опасна закана“.

Оперативниот центар на базата објави на социјалните мрежи дека е неопходно веднаш да се затвори базата и да се преземат соодветни мерки, пренесе АП.

Центарот подоцна објави дека заканата поминала и дека нормалната работа може да продолжи.

ФОТО: Архива