Состојбата со здравствената заштита на затворениците е на катастрофално ниво, оцени народниот правобранител Насер Зибери. Затворениците ниту добиваат медицинска помош, ниту психијатриски прегледи, бидејќи кај голем дел од нив се јавуваат психолошки проблеми но и апстиненцијални кризи на зависниците од дрога, поради кое доаѓа и до агресивност и кон другите но и кон сами себе со самоубиствени намери. Зибери побарал помош од Министерството за здравство, но оттаму се уште нема одговор.
„Сметаме дека Министерството за здравство треба да вложи дополнителни напори за надминување на оваа ситуација. И во таа насока е доставен посебен извештај до Министерството за здравство со препорака за мерки за надминување на состојбите. Дадов наредба да се изврши една ненајавена контрола во затворот Куманово да се види реалната состојба во моментот и дали воопшто е преземено нешто и извештајот од контролата покажа дека Министерството за здравство апсолутно нема преземено ништо.“, вели Зибери.
Министерот за здравство Венко Филипче е свесен дека тој проблем се провлекува подолго време, вели дека и натаму бараат решение и дека се блиску до конечен предлог како да се надмине проблемот.
„Неколку пати се објави оглас во Здравствениот дом Скопје кој што е одговорен да ја спроведува таа здравствена заштита во затворите и секој друг здравствен дом во градовите каде што има затвор, меѓутоа не се пријави ниту еден лекар. И затоа сега се прави малку поинаков план. Едно да има дополнителна финансиска стимулација за тие лекари кои што ќе го работат тоа или да биде по системот на ротација.“, рече Филипче.
Повеќе од 20 проценти од вкупниот број на затвореници се зависници од дрога, само во женскиот дел на затворот Идризово дури 62 проценти од затвореничките се зависници од дрога. Најлоша е состојбата во затворот во Куманово каде тој процент изнесува
