Дел од автопатот Требеништа-Охрид, поточно десната страна требаше да се пушти во употреба на почетокот на август. Во септември кога ТВ21 известуваше за овој дел од автопатот, од ЈП Државни патишта ни рекоа дека останале уште 2 км за асфалтирање, но поради технички проблеми се доцни.
„Се наоѓаме на патот Требеништа-Охрид, овој дел од автопатот требаше да се пушти во употреба на почетокот на август, но поради технички проблеми и проблеми со документацијата, имало доцнење. Надзорникот на работите кој не придружува, рече дека овој дел ќе биде пуштен во употреба денеска или најдоцна утре, бидејќи се чека посебна дозвола од МВР“, вели репортерката на ТВ21.
Ова го потврди и директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми. Тој рече дека овој дел ќе биде пуштен денеска или најдоцна утре, бидејќи се чека дозвола од МВР.
„Денеска или најдоцна утре десната страна од автопатот Требеништа-Охрид ќе биде пуштена во употреба. Чекаме специјална дозвола од МВР“, порача Ејуп Рустеми.
До ова издание на вестите овој дел од автопатот не е пуштен во употреба.
