Заврши најубавата фудбалска бајка на Македонија: Португалија победи и се пласираше на Мундијалот во Катар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија не ја искористи својата историска и најдобра шанса за пласман на Мундијал. Вечерва македонските репрезентативци сосема заслужено се поразени од Португалија, која обезбеди мундијалска „виза“ со двата гола на Бруно Фернандеш.

По еден гол во двете полувремиња за Португалците со кои на крајот се радуваа на пласман на Светското првенство, а за нас останува само надеж дека повторно ќе се најдеме во шанса да играме на Мундијал.

Бруно Фернандеш во 32. минута погоди после една грешка на нашата одбрана. Доби топка од Роналдо, и шутираше прецизно во голот. И покрај солидната игра во првиот дел, и шансата на Алиоски, сепак, Португалија на одмор замина со предност.

Во вториот дел Благоја Милевски се обиде да смени нешто во играта. Го внесе Миовски, но тешко се доаѓаше до прилика. А, Португалија трпеливо ја чекаше шансата, и ја дочека во 65. минута. Повторно Фернандеш оставен сам, од прва погоди прецизно во голот на Димитриевски.

Малку и нервоза на теренот во продолжението, а Португалците мирно го доведоа овој меч до крајот. Македонија како одминуваше времето снемуваше сили да стори нешто повеќе, и барем да го ублажи поразот, што на крај не успеа.

Првиот гол на Фернандеш низ ВИДЕО.

Вториот гол на Фернандеш низ ВИДЕО.