Враќањето на Антоан Гризман во Атлетико Мадрид, беше најголемото изненадување во последниот ден од преодниот рок кој заврши синоќа на полноќ.
Гризман, кој замина од Атлетико во Барселона, и тоа не на најдобар начин, се врати во екипата по две години. Договорот е позајмица до крајот на сезоната, со можност за откуп по завршување на сезоната за 40 милиони евра.
Од друга страна, пак, Атлетико Мадрид го испрати на позајмица Саул Нигез во Челзи. Одличниот играч ќе биде големо засилување за европскиот првак.
Во последниот ден од преодниот рок се засили и ПСЖ. Го земаа португалскиот лев бек Нуно Мендеш за 40 милиони евра.
Најголем губитник од ситуацијата излезе Барселона, која го загуби Гризман, а притоа не го доведе посакуваниот Жоао Феликс, туку само мораше да се задоволи со Лук де Јонг од Севиља. Барселона претходно не успеа да го продолжи договорот со Меси, а не успеа ниту да го продаде Пјаниќ, кому му бараше клуб.
