Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во 16:30 часот ќе ја соопшти најновата одлука за тоа дали ќе има прогласување на нова, трета по ред вонредна состојба во земјава.
Пред малку заврши состанокот со Советот за безбедност на кој Владата и Комисијата за заразни болести побараа нови 30 дена вонредна состојба.
Имено, втората вонредна состојба која беше прогласена од претседателот на државата завршува утре (16.05.2020).
