Се одбележува Меѓународниот ден на музеите со изложби, модна ревија, ликовни творби со пораки за мир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во Скопје со повеќе настани ќе биде одбележан Меѓународниот ден на музеите.

Ќе има изложба насловена „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“, потоа инклузивна модна ревија „Модата во минатото“, како и изложба на детски ликовни творби во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Организаторите информираат дека преку археологијата, етнологијата и уметноста се истражува значењето на водата, и нејзиното влијание врз развојот на заедниците, занаетите, спортот и политичките процеси.

Во Археолошкиот музеј ќе се одржи „Модата во минатото“, каде посетителите ќе уживаат во модни креации инспирирани од историското наследство.

На изложбата ќе бидат претставнеи 78 ликовни творби (65 од Македонија и 13 од Србија), создадени во рамки на проектите „Холокаустот низ призмата на детските очи“ и „Холокауст – култура на сеќавање“, со кои се испраќаат пораки за мир, заедништво, инклузија и дијалог.

Меѓународниот ден на музеите се одблежеува вече 45 години.