Заврши учебната година – утре ќе се полага екстерен испит по мајчин јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За основците и средношколците денеска беше последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст.

За повеќе од 14 500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик, односно македонски, албански, турски или српски, а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни.

Првиот дел изборниот екстерен предмет матуранти го полагаа на 6 јуни. Од вкупно пријавени 14 587 ученици за полагање на матурата, 12 184 се пријавиле да полагаат државна матура, 2276 ученици за државна стручна матура и 127 се пријавени за државна уметничка матура.

Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование.