Нови директни преговори меѓу Русија и Украина се одржаа денес во Истанбул, еден ден по историскиот украински напад врз руската стратешка авијација. Преговорите се одржаа денот по историскиот украински напад врз руската стратешка авијација низ Русија и траеја нешто повеќе од еден час.
Украинската делегација денес ѝ предаде на руската страна список на деца што Москва сака да бидат вратени, објави шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, како што објави Скај њуз.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската и украинската делегација размениле документи за време на мировните преговори во Истанбул и дека се подготвува нова размена на воени заробеници.
