Заврши заложничката драма во Санкт Петербург

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мажот кој во предградие на Санкт Петербург, Колпино, држеше во заложништво шест деца, се предаде на полицијата.

Како што јавија руските медими децата од станот биле извадени од лекарите.

Претходно, Министерството за внатрешни работи во Санкт Петербург соопшти дека полицијата добила повик од жена која била исфрлена од станот од страна на сопругот. Тој потоа се заклучил во станот заедно со шесте деца на возраст од три до 15 години.

Мажот бил појан и вооружен со секира, а мотив за инцидентот биле брачните недоразбирања помеѓу него и сопругата.