Осумгодишното дете, кое вчера се здоби со тешка повреда на главата, е примено на одделението за неврохирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Во средата вечерта имаше тензии во тетовската болница, поради поплаки од семејството и роднините на пациентот, кои рекоа дека откако му била укажана првичната лекарска помош, детето не било хоспитализирано, туку е пуштено дома.
Болницата со појаснување:
-Детето било примено во ургентниот центар во 14 часот и 25 минути и првично му била направена тријажа според протоколот. Првично состојбата ја процениле лекарите од Итна помош, а потоа бил повикан неврохирургот Блерим Зеќири. По тријажата, пациентот се испраќа на Компјутерска томографија на главата и во 14 часот и 35 минути се чита скенот на компјутер и монитор и лекарот Блерим Зеќири одлучува да го хоспитализира пациентот на интензивна нега. Пациентот е примен во 15:08 часот, каде се следат виталните знаци, велат од клиничката болница Тетово.
Роднините во текот на вчерашниот ден се пожалија дека докторката не го примила пациентот на интензивна нега.
-Децата го зедоа, потоа го донесоа во болница, го шиеја во новата болница, па го донесоа овде. Лекарите излегоа и видоа дека момчето крвари и не го примија два часа, изјави Сали Красниќи, роднина.
-Инцидентот се случи во два часот. Погледнете колку е часот сега! 04:40 минути, изјави Даим Красниќи, роднина.
Новинар: Кога го однесоа момчето горе? Сега го зедоа. Момчето било таму два часа.
Случајот го потврди и СВР Тетово од каде рекоа дека осумгодишно дете додека си играло и ја повлекло предната врата кај станицата за техничкиот преглед, излегла од шините и паднала врз него. За случајот е известен и јавен обвинител, а екипа на СВР Тетово извршила контрола на местото на настанот.
ТВ21 дознава дека за овој случај инспекторат од Министерството за здравство денеска бил во болницата во Тетово барајќи детали.