Здравствените работници бараат 10% покачување – „Ако сакаат да ги гласаме на избори, нека го исполнат ветеното“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Здравствените работници од Клинички центар си ги бараат ветените 10 % покачување годишно или 40% за цел мандат од владата на СДСМ, но 600 евра плата за медицинските сестри, ветување на претседателскиот кандидат на ДУИ Насер Зибери. Овие ветувања според претседателот на Независниот синдикат на Клинички, Горан Беговиќ влијаеле на изборниот резултат. Па, доколку не се реализираат можно е да се изгуби довербата кај здравствените работници во оваа влада, вели тој. Се чувствуваат дискриминирани заради неисплата на К-15, иако цела пандемија ја поминале работно.

-Гласот на нашите вработени кои се околу 30 000 во здравството не може да се игнорира, да се потцени и редно  е доколку очекуваат да добијат глас  на следните избори од вработените во здравството да го реализираат ова ветување-рече Горан Беговиќ, претседател на НСКЦ.

Доколку не се исполнат барањата од Синтикатот најавуваат протест.

-Она што они го направија е двократно додаток на плата од 20% само за вработените во Ковид 19% центрите и со тоа направија раздор ги дискриминираа вработените-вели Беговиќ.

Министерот Филипче вели дека ги исполнуваат ветувањата и дека до крајот на месецов ќе бидат исплатени заостанатите исплати за март, април и мај. Од јули важи зголемувањето од 5% за сите здравствени работници без разлика дали работат во Ковид центрите или не.

-Морам да кажам дека здравствените работници кои изминатиов период покажаа спремност и висок степен на професионалност, зголемувањето го заслужија и затоа во два наврати ги зголемувавме платите и пак ќе ги зголемиме. Некаде околу Нова година тие што работеа со Ковид пациенти добија зголемување на платите до 30 000 денари-рече Филипче.

Беговиќ вели дека Министерството за здравството планира да додаде временски ограничен додаток од 9 месеци за 5 %, со средства од Светска банка. Но, тој ова не го смета за покачување на плата, бидејќи според него покачувањето треба да биде од буџет и согласно колективен договор , а не од позајмица. Ветувањата очекуваат да се реализираат до септември пред почеток на кампања додека владата има време и право да ги реализира.