100 бесплатни оброци за ифтар за сиромашните, лицата со инвалидитет и сираците. Ова е мисијата за овој Рамазан на хуманитарното здружение „Зора на милосрдието“ од Тетово. Поради состојбата со коронавирус, од здружението одлучија годинава, храната да ја доставуваат до домашна адреса на овие категории граѓани.
-Годинава ќе делиме по 100 ифтари на ден за оние кои имаат потреба, а кои живеат во Тетово. Бидејќи пандемијата влијае врз оваа работа, ние порано делевме ифтари и за студенти, што сега не е случајот. Заедно со нашиот персонал оброците ќе ги доставуваме до дома-вели Екрем Руфати.
Оброк за едно лице чини 150 денари, па поради тоа од Здружението апелираат сите оние кои сакаат да помогнат и да дадат свој придонес во проектот, да се обратат директно кај нив. Минатата година ова здружение подели околу 660 ифтар оброци за студенти и сиромашни.
